
Почитувани,
МyCroAccount e апликација наменета за осигурениците за целосен увид на состојбата на полисите.
Број на склучени полиси - број на склучени полиси по договорувач
Вкупен број на осигуреници - вкупниот број на осигуреници збирно по основ на сите полиси
Вкупна осигурена сума - вкупната договорена осигурена сума по основ на сите склучени полиси изразена во Евра
Инвестиции - со клик на активниот линк пристапувате до извештај за вложувањата на капиталот и резервите на компанијата
Со филтер е овозможено избор на една полиса по Број на полиса за прикажување на состојбата на истата.
Осигурена сума - договорената договорена сума по избраната полиса изразена во Евра
Вкупна уплата - вкупно уплатени средства по избраната полиса во Евра
Припишаната добивка - со која се добива целосната анализа на припишаната добивка
На вториот таб има овозможено филтер по датуми. Со него се олеснува можноста за филтрација на листа на уплатите по дата од–до.
Сето тоа последователно се испишува во табела со која е овозможено поцелосна информација за доспеаните рати и извршени уплати.
Така што Број на рата го дава хронолошкиот редослед според редот на уплата на осигуреникот.
Во следните табели ги излисутва доспеаните задолжувања и извршените уплати во денари и евра. Додека во последната колона од табелата се прикажани датите на извршени уплати.
Со почит,
Кроациа Осигурување Живот
Извештај за вложувања:

ИЗВЕШТАЈ ЗА ВЛОЖУВАЊАТА НА СРЕДСТВАТА ОД КАПИТАПОТ И РЕЗЕРВИТЕ НА КРОАЦИА ОСИГУРУВАЊЕ ЖИВОТ АД СКОПЈЕ СО СОСТОЈБА 31.03.2019 ГОДИНА
Вложувањата на осигурителните компании стрикно ги дефинира законската регулатива, конкретно Законот на супервизија на осигурувањето. Земајќи ги во предвид сите значајни одредници за управувањето со вложувањата, друштвата за осигурување мора да усвојат стратегија и модел на управување со средствата кој ќе им осигура остварување на поставените цели од вложувањето, но како најважно да им осигура долгорочно стабилно, солвентно и профитабилно работење.
И покрај сите законски дозволени вложувања на средствата од капиталот и резервите, Кроациа Осигурување Живот АД Скопје применува конзервативна политика на вложувања.Поставени се нови смерници во управувањето со вложувањата за заштита од финансиските ризици.
Структурата на нашето инвестициско портфолио на 31.03.2019 година изгледа вака:
ВИД НА ВЛОЖУВАЊЕ | % од вкупно вложени средства |
---|---|
ДЕПОЗИТИ (денарски и девизни) | 14 % |
ДРЖАВНИ ОБВРЗНИЦИ (денарски и девизни) | 80 % |
ЗАЕМИ со валутна клаузула | 2 % |
ПАРИЧНИ ФОНДОВИ | 3 % |
СРЕДСТВА ОД БАНКАРСКИ СМЕТКИ | 1 % |
ВКУПНО: | 100% |
Од вкупно вложените средства од математичката резерва, 80,50% се со валутна клаузула. Заради одржување на вредноста на капиталот и резервите како и заради долгорочноста на нашиот производ (минимум траење од 10 години), во портфолиото на Кроациа Осигурување - Живот АД Скопје државните обврзници кои ги издава и за кои гарантираат НБРМ и Министерството за Финансии на РМ, со рочност од 5 - 30 години и кои се со девизна клаузула, го завземаат првото место во инвестиционото портфолио на компанијата.
Вложувањата во депозити се во износ од 14% од вкупно вложените средства на Друштвото и се прават исклучиво во високореномирани и ликвидни банки во Република Македонија.
Следуваат вложувањата во отворени инвестициски фондови-париични со 3% од вкупно вложените средства.
Заемите кои Кроација Осигурување Живот АД Скопје ги дава по основна полиси за животно осигурување учестваат во нашето инвестиционо портфолио од 3%. Тоа се заеми кои се даваат на осигуреници кои стекнале право на откуп. Заемите се даваат во траење најмногу до 5 година и во износ до откупната вредност на полисата за животно осигурување.
Во порфолиото на Кроациа Осигурување Живот АД Скопје нема вложувања во акции и недвижности.
Друштвото постојано будно ја следи состојбата на домашниот и странските пазари на капитал и врши постојано прилагодување на вложувањата на средствата од капиталот, математичката и техничките резерви со цел остварување на долгорочно стабилно и профитабилно работење.
Директор на Сектор за финансии, сметководство и конторлинг
Афродита Мицковска
БРЗО, СИГУРНО И ЕДНОСТАВНО ON-LINE ПЛАЌАЊЕ
Ве молиме внесете ги податоците за уплата согласно Вашата понуда за животно осигурување
